Категории

Џиџи Хадид во шик модно издание за прв пат во јавност со новородената ќерка

Моделот Џиџи Хадид беше фотографирана на прошетка со новородената ќерка и својата сестра Бела Хадид.

25-годишниот модел избра шик комбинација од долго црно палто, шапка и чизми додека ја туркаше бебешката количка во друштво на својата сестра Бела Хадид која носеше слична комбинација од долго кожно палто, војнички панталони и чизми.

Џиџи Хадид е во долга врска со пеачот Зеин Малик со кого ја добија ќерката во септември оваа година.