Категории

Џони Деп консумира огромни количини алкохол: Погледнете колку троши месечно!

Американскиот актер Џони Деп (55) на почетокот на интервјуто за магазинот „Rolling Stone“ кое траело дури 72 часа во текот на неговиот престој во Лондон, ја отвворил душата говорејќи за неговата борба со менаџерите поради големата финансиска загуба. 

Додека говорел за злоупотребата на дрога и користењето на метакалон, седатив и хипнотик кој предизвикува психичка и физичка зависност. Овој лек, кој е забранет во многу држави, го кокристел и Бил Козби (80) за да ги дрогира жените. Направен е од многу малку арсен и стрихнин, што овозможува поголема опојност на дрогата.

Во текот на интервјуто, Деп проговорил и за својата зависност од алкохол. Во борбата против „The Management Group“, каде што го обвиниле дека ги злоупотребил своите пари, соработниците тврдат дека актерот месечно трошел околу 30.000 долари на вино.

Навредливо е да се каже дека сум трошел 30.000 долари на вино, бидејќи трошев многу повеќе од тоа – рекол Деп.

 

Прегледи:
553
Објавено на:
25.06.2018