Категории

Џорџ Клуни, покрај татко, месецов стана и милијардер

Лесно им е на милионерите, но како им е на милијардерите? Тоа ќе треба да го прашаме Џорџ Клуни

Тој и неговите партнери Rande Gerber и Mike Meldman, ја продадоа нивната фирма Casamigos за производство на текила на алкохол гигантот Diageo, замислете, за 1 милијарда долари.

Casamigos, беше создадена во 2013 година сосем случано, но доживеа огромен успех, а според експретите се смета за бренд на текила која многу брзо зеде значајно место на пазарот.

„Ако не прашавте пред четири години дали имаме компанија вредна милијарда, сигурно ќе ви кажев не“ вели Џорџ.

Но текилата веќе зазема значајно место на пазарод, па од тие причини веројатно Diageo одлучиле да дадат една милијарда за да бидат новите сопственици, на сега веќе, познатата текила.

 

Прегледи:
519
Објавено на:
22.06.2017