Велат дека септември, по јануари е најдепресивниот месец во годината. Одморите се завршени, а обврските започнуваат. Затоа, искористете го овој рецепт за да зајакнете навреме и да ја намалите можноста да добиете вирус или настинка.
Состојки:
- 2 портокали
- 1 грејпфрут
- 1/4 лимон со кора
- рака гоџи бобинки
- малку рендан ѓумбир
- 1/2 чаша вода
Подготовка:
Сите намирници изблендирајте ги, минута до две. Смутито мијте го наутро и навечер, барем десет денови. Сигурно ќе почувствувате дополнителна сила и енергија да го дочекате почетокот на есента здрави и енергични.