Категории

Додека ја сушите косата со фен, сигурно правите некоја од овие грешки!

Дали знаете дека постојат некои „правила“ кои би требало да ги почитувате за да не ја оштетите косата додека ја сушите со фен? Иако многу фризери ќе ви препорачаат дека е најдобро косата да ја сушите по природен пат, зимно време тоа не може да го применувате.

Доколку ги почитувате следниве правила, вашата коса ќе биде убава и здрава.

Вистинско време за сушење

По миењето, најдобро е прво косата да ја замотате во пешкир за убаво да се исцеди. Доколку започнете веднаш да ја сушите, процесот ќе трае подолго и косата ќе ја горите со фенот многу подолго.

Од каде да почнете со сушење?

Најдобро е косата да ја сушите од напред кон назад, а ако сакате екстра волумен, најдобро е да ја свртите главата надолу и така да ја сушите косата.

 

Избор на фен

Квалитетен фен со добра јачина побргу ќе ја исуши вашата коса и помалку ќе ја оштети.

Избор на правилна четка

Доколку сакате косата да ви биде бујна, важно е да знаете дека таков ефект ќе добиете со фенирање со тесна четка, а пошироката е идеална за рамнење на коса.

Прегледи:
485
Објавено на:
17.11.2018