Категории

Доколку Валентајн беше натпревар, Адидас овој пат победи!

Празникот на заљубените штотуку помина, а многумина го обележаа денот со многу фотографии од љубовни пораки, подароци, моменти со љубените и други слатки нешта.

Тоа го направија и фирмите, на нивните социјални профили споделија фотографии и содржина поврзана со Валентајн, тоа го направи и Адидас.

The love you take is equal to the love you make.

A photo posted by adidas (@adidas) on


Адидас сподели слатка фотографија од хомосексулаен пар на девојки, кои носат исти патики. Покрај многуте позитивни коментари, имаше и неколку кои „биле разочарани од фирмата и ќе ја менуваат“, а за таквите Адидас имаа одличен одговор!

Да, Адидас го имаше совршениот одговор, покажувајќи дека ја слават љубовта во сите форми и облици, на сите луѓе подеднакво и ги заќутеа хомофобите на одличен начин.

Сите збуваат за љубов, но Адидас со дела покажа дека ја слави и почитува љубовта, особено на таков ден застана во одбрана и со тоа, тие се победник на денот.