„Ние сме на работа поради вас, вие останете дома поради нас“, им порачал американскиот доктор на своите граѓани, на селфи фотографиите кои го преплавија Интернетот.
Поголемиот дел од луѓето ширум светот, па и во САД почнаа полека да се привикнуваат на новиот режим на живот во изолација – режим под кој се оддалечени од другите човечки суштества, природата, пријателите.
Меѓутоа, не се сите толку „лесни за соработка“ кога станува збор за останувањето дома. Сѐ уште постои голем број на оние кои оваа пандемија не ја сфаќаат сериозно, не се придржуваат на упатствата за самоизолација и со тоа го загрозуваат својот и животот на другите. Медицинските работници имаат порака токму за нив!
„Останете дома. Останете дома и подалеку од други луѓе. Ако не сакате да го направите тоа за себе, направете го за постарите кои немаат ист имунолошки ситем како вас, направете го тоа за докторите и сестрите кои ги доведуваат своите животи во опасност за да им пружат нега на оние кои оболеле од овој вирус.“