Категории

Домашен рецепт за шампон: Свежите листови од нане и лимон помагаат кај мрсна коса

Подобрете го квалитетот на вашата коса со природни производи и ослободете се од мрсна коса …

Многумина имаат проблеми со мрсење на косата до таков степен што изгледа мрсна по само неколку часа откако ќе ја измијат. Не е решение да се мие косата секојдневно, бидејќи шампонот често го иритира коренот на косата уште повеќе. Обидете се со домашен и ефтин рецепт со свежи лисја од нане.

 

Подготовка:

Ставете две раце свежо нане во три децилитри вода и гответе на тивок оган 20 минути. После тоа, процедете ја течноста, а потоа измешајте ја со шампон.

Ако не сакате да користите балсам, користете сок од лимон.

Ако сакате природен лосион за коса, во чаша вода измешајте две лажички јаболков оцет и малку сол. Ставете ја смесата на коренот на косата, оставете ја да отстои еден час и исплакнете со млака вода, исчешлајте ја и исушете ја.

Прегледи:
695
Објавено на:
28.10.2019