Категории

Домашна маска за лице од брашно од ориз за масна кожа и флеки

Оваа маска помага при избелување на флеките, го регулира лачењето на себум и го враќа сјајот на кожата.

Познато е дека брашното од ориз е благотворно за кожата особено кога се работи за масна кожа со флеки.
Маските со брашно од ориз особено се препорачуваат за оние кои имаат масна кожа и флеки од некогашни акни, затоа што тоа првенствено ја чисти и избелува кожата.
Генерално го поправа изгледот на кожата а може да им биде од помш на сите кои сакаат да се ослободат од несовршеностите на неа.

Начин на подготовка:
Измешајте лажица брашно од ориз и една лажица јогурт, смесата нанесете ја на чисто лице. Доволно е да ја оставите маската 15 минути па потоа исплакнете со млака вода.

Исто така може да ја пробате и маската за лице со брашно од ориз и жолчка од јајце.

Оваа маска е вистинска витаминска бомба за кожата. Погодна е за уморна кожа и кај први знаци на стареење.

Начин на подготовка:
Измешајте две лажици брашно од ориз. Можете да додадете и неколку капки масло од чајно дрво затоа што тоа е одлично за воспаленјата на кожата. Додадете една жолчка од јајце и добро измешајте додека смесата не се соедини. Нанесете на чисто лице и оставете да делува 15 минути. Исплакнете со млака вода.

Оваа маска има одлични резултати доколку се применува еднаш неделно.