Категории

ДРАГИ ТАТКОВЦИ – бидете херои на вашето дете, потпора и столб на семејството

„Да те мачка со крема кога ќе добиеш сипаници, да те учи да пливаш и да не ги враќа помошните тркала на велосипедот туку да се стреми да научиш да го возиш без нив“.

Сите знаеме колку е важна улогата на таткото во секое семејство. Тој треба да биде идол на своите деца, вистински пример за тоа какви треба да бидат утре, да биде нивен херој, потпора и столб на семејството.

Ова се едни од најдобрите изјави за тоа што еден вистински татко претставува:
„Најдоброто нешто кое еден човек може да го направи за своите деца, е да ја сака нивната мајка“
„Родител може да биде секој, но татко не!“

„Таткото е нешто друго, татко е да раскажува приказни пред спиење, тој е пријател, оној кој те учи да возиш велосипед. Да ти објаснува неуморно кога нешто не можеш да разбереш, да ги реди коцеките секогаш кога ти неуморно ќе ги срушиш.“

„Да те мачка со крема кога ќе добиеш сипаници, да те учи да пливаш, и да не ги враќа помошните тркала на велосипедот туку да се стреми да научиш да го возиш без нив“.

„Таткото е потпора, таткото е тој кој треба да глуми строгост но во себе да се топи. Таткото треба да и купува на мама цвеќе, и да и помага во се, да и се смешка и да ја теши“.

„Татктото е да те пушти да му ги лакираш ноктите и да му вариш кафе, да си играте мајка и бебе но тој да биде бебе а ти мајка. Неуморно да го прашуваш прашања кои немаат смисла, и тој да одговара. Да биде пожртвуван.“

„Родителот е присутен, а таткото е тука. Родителот е горд, а таткото среќен. За еден татко дали е добар татко можат да кажат само неговите деца“.

Прегледи:
539
Објавено на:
20.10.2019