Категории

Древна кинеска техника за смирување на нервниот систем и ослободување од стресот

Оваа древна кинеска техника е широко применета во борбата со депресијата и стресот

Оваа метода на кинеската алтернативна медицина се појавила скоро пред 2500 години, а ден денес се смета за најделотворна техника која е широко применета во борбата против физичките и менталните болести, вклучувајќи го стресот и депресивното расположение.

Спрема кинеската алтернативна медицина, на нашето тело постојат низа точки со чие притискање можете да ги отстраните сите физички болки а исто така и да ги истерате лошите мисли и да излечите анксиозност. Овие точки се наоѓаат на енергетската линија на нашето тело, кои исто така се нарекваат и енергетски меридијани.

Енергетските меридијани ја насочуваат нашата животна сила. Ако работата на овие меридијани е пореметена, тогаш таа може да се доведе во стабилност со помош на акупресурна техника, со стимулирање на одредени точки.

Вкупно има 12 енергетски меридијани и сите тие поминуваат низ најважните органи од нашето тело. Овие меридијани го одржуваат телото во форма, а ако барем еден од нив престане да функционира нормално, телото губи рамнотежа.

Со притискање на одредени делови на телото, луѓето можат да ги ублажат непосакуваните ефекти предизвикани од анксиозноста и депресијата. Оваа техника е слична на акупунктурата, но наместо игли се користат прсти.

Антеромедијанскиот меридијан 17 или CV17  се наоѓа во средината на градниот кош. Кога ќе го притиснете ова подрачје кое кинезите го сметаат за енергетски епицентар, можете веднаш да ги почувствувате позитивните резултати.

Зоната CV17 се наоѓа точно во центарот, на средината на грандиот кош. За почеток пронајдете го CV17 и нежно тријте ја малата шуплина помеѓу градите. Седете право и спојте ги дланките како да се молите. Со помош на врвовите на палците притиснете ја точката на 2-3 минути.
Затворете ги очите, дишете длабоко и ќе забележите како вашиот нервен систем се опушта.

Прегледи:
815
Објавено на:
09.04.2020