Категории

Две години садел цвеќиња за неговата слепа сопруга да ужива во нивниот мирис

Љубовта навистина нема граници а ова е еден прекрасен доказ за тоа

Вистинскиот доказ е оваа прекрасна љубовна приказна која ќе ви го стопли срцето. Госпоѓата и господинот Кироки имле среќен живот на својата фарма со млеко и одгледале прекрасни деца. Но животот им се променил кога госпоѓата Кироки ослепела поради компликација предизвикана од дијабетес. Недолго потоа, таа станала депресивна и се повлекла во себе, поради што ретко излегувала од дома.

Нејзиниот сопруг целото време се обидувал да се бори против нејзината депресија, а потоа смислил одлична идеа: Одлучил да посади цветна градина каде што неговата сопруга ќе може да ужива во мирисите и тоа ќе ја поттикне почесто да излегува од својот дом.

После две години макотрпна работа и после илјадници посадени цвеќиња, оваа фарма почнала да привлекува бројни посетители од целиот свет кои доаѓале не само да уживаат во прекрасните цвеќиња, туку и во вистинската љубовна приказна.

 

Прегледи:
583
Објавено на:
14.04.2020