Категории

Еден ден ќе запознаеш некој кој ќе те познава подобро од било кој

Еден ден, тој ќе знае.
Тој ќе го знае твојот роденден, твоето име и презиме, каде си родена, твојот хороскопски знак и имињата на твоите родители. Ќе знае колку години имаше кога научи да возиш точак, како твоите баба и дедо починаа и колку домашни миленичиња си имала.
Ќе ја знае бојата на твоите очи, твоите лузни, твоите пеги, твоите брчки кога се смееш, твоите белезеи по телото.
Ќе знае која е твојата омилена книга, филм, слатко, храна, чевли, боја и песна.
Тој ќе знае зошто често остануваш будна до 5 часот наутро, каде беше кога ја прими лошата вест кога те скрши, како го загуби најдобриот пријател и зошто посака да се откажеш од животот многу пати.

Тој ќе ги знае сите твои соништа, стравови, желби, и грижи. Ќе знае за првиот пат кога ти беше скршено срцето, ќе знае како посакуваш да изгледа твојата венчавка и за проблемите со твоите родители. Ќе ја знае твојата цврстина, слабост, мрзеливост, енергија и твоите измешани чувства.

Ќе ги знае сите твои лоши навики, твоите изрази, и твојата смеа ќе биде неговиот омилен звук. Ќе го познава начинот на кој чекориш, спиеш, издишуваш, се бакнуваш. Ќе знае како се чувствуваш без да му кажеш, и кога плачеш без да пуштиш солза.

Тој ќе го знае сето тоа. Ќе те познава од глава до пети, одвнатре и однадвор. Ќе го знае тоа посматрајќи те, слушајќи те, внимавајќи на тебе. Ќе знае се за тебе, и знаеш ли што?
Тој ќе те сака поради сето тоа!

Прегледи:
618
Објавено на:
07.12.2020