Категории

Една дама никогаш нема да си дозволи партнерот да влијае врз нејзиниот живот

Кога ќе се заљубиме губиме реална слика за партнерскиот однос

Овие нешта ниедна силна жена не би смеела да ги промени поради никого.
Нештата кои не сте ги направиле, најчесто поради љубов, се нештата кои никогаш нема да бидат прежалени, без оглед на тоа колку во тој миг таа одлука се чина оправдана.
Кога ќе се заљубат, жените се склони да ја изгубат главата. Но во таква ситуација може да се дојде и поради минлива несигурност и помалку агресивно друштвено секојдневие. Меѓутоа, постојат некои нешта поради кои не би смееле да правите компромис, без оглед на се.

Променување на физичкиот изглед поради другите
Физичката промена нема да има баш никаков ефект ако го направите тоа поради партнерот, пријателите или некој член од семејството. Нова фризура или боја на коса, заводливи штикли, тетоважа, одење во теретана, сетоа тоа мора да го сакате само поради себеси а не поради нечие туѓо мислење.

Неостварување на животните цели
Никој не би смеел да застане на патот помеѓу вас и вашите цели. На крајот на краиштата, тоа е само ваш живот и никој нема да зажали за ненаправено освен вие. Можеби еднаш сте одбиле некоја деловна понуда или сте ставиле некоја идеа „на чекање“ поради новата љубовна врска, а на крајот сте останале без партнер и без нова работа. Ако од другата страна не добивате поддршка, можеби би требало да се запрашате дали таа личност е навистина за вас.

Да чекате одобрување
Силните жени играат по сосптвени правила и од никој не бараат одобрување. Секако обидете се да бидете што по одлучни, да донесувате одлуки без оглед на тоа што мислат другите, затоа што секоја жена знае што е најдобро за неа.

Откажување на веќе договорени планови
Понекогаш сме опркужени со луѓе кои се сами на себеси на прво место и тоа го очекуваат и од другите. Таквите односи не донесуваат ништо добро и често ќе ве доведуваат во ситуации кога морате да ги променувате своите планови, желби и потреби. Вашите лични желби треба да ви бидат на прво место и ничии други.

Прегледи:
344
Објавено на:
22.10.2019