Категории

Едноставен психолошки тест: Дали се сакате себеси?

Овие прашања се многу едноставни и на нив треба да одговорите искрено и без размислување.

Ставете 1 бод за „секогаш“, 2 за „понекогаш“ и 3 за „никогаш“.

1. Ми се допаѓа мојот изглед.

2. Сигурен/на сум во своите способности.

3. Се сметам себеси за добра личност.

4. Не жалам за своите грешки, поради нив сум тоа што сум.

5. Не им завидувам на другите.

6. Не се споредувам со другите.

7. Се сметам себеси за добронамерна личност.

8. Ги сакам своите години.

9. Ја сакам својата професија.

10. Поласкан/а сум кога некој ќе ми додели комплимент.

Резултати:

До 12 поени – Безусловна љубов

Добар резултат, кој сугерира дека знаете како да се сакате себеси безусловно. Се прифаќате себе такви какви што сте, не барате недостатоци, сигурни сте во својата единственост и оригиналност. Таквата личност е способна за сѐ: одлучна, професионална во својата област, онаа која на крајот во животот успева (финансиски), прекрасен родител кој е во состојба кај своето дете да го развие чувството за љубов и доверба. Само продолжете така.

Од 13 до 20 поени – Сѐ уште се пронаоѓате себеси

Како и повеќето луѓе, вие се сомневате во своите способности. Меѓутоа, генерално, се обидувате да научите како да се сакате и да се прифатите себеси, вложувате напор да го добиете ова најважно чувство. На прав пат сте. Обидете се почесто да се слушате себеси и своите желби, потпрете се на своето здраво расудување.

21 и повеќе – Имате проблем

За жал, вие не се сакате себеси. Можеби за тоа придонело и вашето тешко детство, поради што сте навикнале да се „придружувате на толпата“ и секогаш се преиспитувате. За среќа, самото сознание дека љубовта кон себе е возможна, ќе ви помогне да ги совладате препреките. Почнете веднаш да говорите за она што ви се допаѓа и она што не ви се допаѓа, правете што сакате. Наскоро ситуацијата ќе се подобри.