За здрава коса и брз раст на косата потребно е фоликулите да се одржуваат чисти. Производите за коса кои се користат секојдневно може да предизвикаат затворање на порите и да предизвикаат косатата да го изгуби сјајот и лесно да се мрси, а исто така и да резултира со забавување на растот на косата.
Детоксирајте го коренот да добиете прекрасна коса
Детоксикацијата на коренот вклучува маска и масажа на коренот, за да му овозможи да диши. Маската помага при детоксикација на фоликулите на косата, коренот и масните жлезди.
За да направите детокс маска, потребно ви е:
- 1 лажичка сода
- 1 лажичка маслиново масло
- 1/4 лажичка цимет во прав
Упатство:
- Употребете големо количество од маската на скалпот
- Користејки ги прстите со кружни движења масирајте го скалпот за циркулацијa
- .Оставете ја маската 10-15 минути да делува на косата
- Измијте ја косата со шампон или регенератор
Масирањето го стимулира скалпот и ја подобрува циркулацијата, а исто така ги отстранува мртвите клетки кои предизвикуваат запушување на порите. Овој детокс третман го одржува скалпот здрав и го спречува загадувањето и мрсењето на фоликулите на косата.