Категории

Едноставен за подготовка: Вкусен ролат со јагоди! (РЕЦЕПТ)

Направете им го на своите домашни овој вкусен десерт.

Состојки за тесто:

  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер

Состојки за фил:

  • 3 дцл слатка павлака
  • 400 гр јагоди

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови. Одвојте ги белките од жолчките, а жолчките додадете ги во шеќер и изматете ги. Во друг сад направете шлаг од белките. Наизменично во смесата на жолчките и шеќерот додадете по една лажичка брашно и шлаг од белките и полека мешаајте во смесата. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите брашното и шлагот.

Смесата на почеток ќе биде погуста, а на крај поретка и малку пенлива. Плиткиот лимен плех обложете го со хартија за печење, излијте ја смесата и полека распоредете ја со лажичка.

Ставете ја смесата во рерна и печете максимално 10 минути. Кога површината на тестото ќе биде во златна боја извадете ја од рерна. Префрлете ја на чиста крпа, а страната на која е хартијата мора да биде горе. Полека со прстите влечете ја хартијата додека не ја отстраните, а потоа тестото свиткајте го во крпата како ролна и оставете го да се олади.

Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Слатката павлака изматете ја со миксер. Одмотајте го оладеното тесто, премачкајте го со шлаг на кој ќе ги наредите јагодите и повторно замотајте го. Ролатот наросете го со шеќер во прав или украсете го.

Добар апетит!

Прегледи:
644
Објавено на:
30.05.2019