На сите ни се случило да купиме храна, да испланираме одреден оброк 2-3 дена потоа, и да сфатиме дека храната ни се расипала. Се случува, но навистина е лошо да се фрла храна, и од економски, и од еколошки и хумани причини. Затоа, погледнете ги овие трикови со кои храната ќе ви трае подолго и нема да се расипува така лесно.
Кромид сторниран во холахопки може да трае и до 8 месеци.
Завиткајте го местото каде што бананите се споени со пластика, и ќе траат 3-5 дена подолго од обично. Исто така, паметно е бананите да се чуваат во посебен сад од другите овошки.
Замрзнете рузмарин, темјан, жалфија или оригано во маслиново масло. Потоа користете ги коцките мраз во храната наместо зејтин и ќе добиете фантастичен вкус, плус сте ги зачувале тревките во состојба за користење подолго време.
Чистете го фрижидерот почесто. Откако нешто ќе се расипе во фрижидер, остава габи кои се спремни да го нападнат следниот производ, иако сте го отстраниле расипаниот производ.
Млекото чувајте го во фрижидерот, а не во вратата од фрижидерот. Температурата на вратата флуктуира премногу често и така полесно се расипуваат млечните производи.
Ако ви останало пола авокадо, обидете се да го зачувате свежо со овие трикови: оставете ја семката внатре; премачкајте го со лимон или маслиново масло; или чувајте го во пластична кутија заедно со пресечен кромид.
Печурките се чуваат во хартиена кеса или кошница, никако во пластична кеса. Пластиката заробува вода и предизвикува да фатат мувла многу лесно.
Домати, како и печурки, не се чуваат во пластична кеса. Незрели домати се чуваат со стебленцето надоле, во картонска кутија, во еден слој. Зрели домати се чуваат на собна температура, во еден слој, без да се допираат еден со друг, со стебленцето нагоре, настрана од сонце. Презреани домати се чуваат во фрижидер, но треба да се доведад до собна температура пред да ги јадете.
Лебот не се чува во фрижидер, така се расипува побрзо. Чувајте го во фиока или наткасна, на собна температура.
Деликатни тревки како магдонос, босилок или нане, се чуваат во фрижидер, во форма на цвет, во пластично кесе, затворени со ластиче.
Краставиците се чуваат на собна температура.
Чувајте го ѓумбирот во замрзнувач. Така трае подолго и се ренда полесно.
Чувајте ги компирите со по некое јаболко околу нив, за да не почнат да ‘ртат.