Категории

Ефикасен напиток од 3 состојки за зајакнување на имунитетот

Во година на коронавирусот, и со доаѓањето на сезоната на гриповите, имунитетот е поважен отколку било кога.

Се работи за комбинација од мед, прополис и лимон. Се препорачува овој напиток да го пиете наутро.

Подготовка:
Во шолја топла вода додадете 15 капки прополис, еден лимон и една лажица мед. Добро измешајте, напитокот е подготвен.

Сите три состојки се доста моќни.
Лимонот поради големата концентрација на витамин Ц. Прополисот делува против вируси, бактерии и габични инфекции.
Докажано е дека прополисот има антибактериски, антивирусни и антиоксидансни својства. Го зајакнува имунитетот, но ја поттикнува регенерацијата на ткивото па е речиси неизбежен во сечиј дом.

Медот е полн со есенцијални нутриенти и обично делува во поттикнувањето на правилната работа на имунолошкиот систем. Од витамини, најповеќе има рибофлавин, ниацин и витамин Б6. Присутни се и аминокиселини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и цинк.

Прегледи:
874
Објавено на:
05.10.2020