Категории

Есен 2020: Ова е официјално најпопуларниот модел на здолниште

Есента само што не започнала, а најновите вести од модниот свет соопштуваат дека овој модел на здолниште ќе биде најголем тренд оваа сезона.

Станува збор за здолниште во ‘пепито’ дезен, кои се уште едно водечко парче во низата трендови кои ни се најавуваат за претстојната сезона есен/зима.
Во комбинација со мини должина, пепито здолништата потенцијално се најшармантното парче од есенската сезона и ќе бидат неверојатно лесни за комбинирање за секакви прилики, од лежерни дневни до формални пригоди.

Прегледи:
797
Објавено на:
08.09.2020