Категории

Есен како никоја досега – Еве кои бои ќе царуваат во модниот свет претстојната сезона

Септември е речиси тука а со него и есенската сезона полека ни се приближува. Модниот свет веќе јасно потврди кои бои ќе бидат најголем тренд претстојната сезона.

Првите есенски колекции на модните брендови се веќе во понуда а судејќи по веќе виденото, палетата на бои која ќе се носи во наредната сезона е вистински невообичаена.

Очекувано тука се тие стандардни неутрални нијанси кои ги преферираме во студените месеци како што се црната, кафеавата, темносината и сивата, но како вистинско освежување ни доаѓаат доста моќни и впечатливи бои чија поопуларност веќе е огромна.

1.ЦРВЕНА
За почеток, на големата врата се враќа црвената боја. Бојата на љубовта, силата, страста, доста доминантна и интензивна а во кинеската култура симболизира среќа.
Докажано е дека црвената боја автоматски привлекува внимание, а бројни истражувања покажале дека на прв поглед поттикнува одредени физички реакции како раст на крвниот притисок и забрзано дишење.

2.ЗЛАТНА
Покрај црвената, доаѓа и златната боја. За многумина не постои ништо погламурозно од неа но и овој пат златната не е резервирана исклучиво само за свечени случувања. Модните куќи предложуваат златни парчиња и за секојдневни прилики.

3.ПОРТОКАЛОВА
На големо изненадување на сите нас, портокаловата се враќа на модната сцена откако веќе долго време модниот свет покажуваше негодување околу нејзиното носење. Портокаловата е создадена за сите дами кои сакаат ефектни модни комбинации.

Прегледи:
546
Објавено на:
26.08.2020