Ја сакаме есента поради тоа што ја бои природата со пастелни преливи и инспирира многу уметници. Ова се најпознатите мисли за неа.
„Есента е втора пролет, каде што секој лист е всушност цвет.“ – Алберт Ками
„Среќна сум што живеам во свет каде што постои октомври.“ – Л.М Монтгомери
„Есента е најтешкиот период од годината. Лисјата паѓаат како да се заљубуваат во земјата“ – Андреа Гибсон
„Ја сакам есента. Единственото годишно време кое Бог го смислил само за да ја стави убавината во него“ – Ли Мајнард
„Деновите се скратуваат, а есента расте. Есента е сѐ. – Роберт Браунинг
„Есента во џеб носи многу повеќе злато отколку било кое годишно време.“ – Џим Бишоп
„Два звуци на есента се непогрешни… Шушкањето на лисјата и гукањето на гуските што се селат, провивајќи се низ силен ветар.“ – Хал Борланд
„Како што на сликарот му е потребно изедначено светло за да ги додаде завршните линии на својата слика, така и мене ми треба смирувачко светло кое никако не може да ме засити во есен.“ – Лав Николаевич Толстој
„Боите на есента се многу весели. Толку се светли. интензивни и убави. Како да сака природата да не наполни со боја, да не заштити, да ни направи залихи за во зима, која сѐ ќе замолчи“. – Вивиан Сајобан