Категории

Ева Лонгорија стана мајка! Со првата фотографија, се обелодени и името на нејзиниот син

„Очајата домаќинка“ на 43 годишна возраст го доби првото дете со Хозе Бастон.

Магазинот HOLA ја имаше честа прв да објави за приновата во семејството Бастон, па така тие објавија ексклузивна фотографија под која ја објавија и името на синот на Ева. „Кажете HOLA на синот на Ева Лонгорија, Сантиаго Енрике Бастон“ пишаа тие во описот на сликата.

 

Ева се породила во вторникот на 19-ти јуни, во Лос Анџелес, а парот ја дал првата изјава за магазинот во која велат „Многу сме благодарни за овој прекрасен благослов“ велат Ева и Хозе.