Категории

Еве како пријателството ни го чува здравјето

Вистинските пријателства го чуваат емоционалното здравје и здравјето на мозокот. Една од новите истражувања на Харвард покажа дека луѓе со богат социјален живот поретко страдаат од губење на меморија.

Читање книги, решавање крстозборки, судоку, физичка активност во форма на спорт, подвижност… Сите овие работи се предуслови за одржување на меморијата. Но еден од најважните начини за стимулирање на активноста на мозокот е социјализација.

Луѓето се предодредени да живеат во општество, да негуваат меѓусебни односи, поради што комплетна изолација не е пожелна опција. Интеракција со другите луѓе ја стимулира функцијата на мозокот и е одлична вежба за зачувување на мозочните клетки.

Затоа, збогатете го својот социјален живот со нови луѓе и односи, волонтирајте, станете член на некој клуб или здружение и уживајте во секој ден поминат со вашите пријатели.

Прегледи:
409
Објавено на:
29.10.2018