Категории

Еве што открива вашата омилена боја на облеката за вас!

Прочитајте што велат психолозите и внимавајте на тоа следниот пат кога ќе одите на важен состанок

Научниците велат дека врз основа на бојата што често ја избирате, многу може да се заклучи и за самата личност. Врз основа на комбинацијата на облека, овој прв впечаток ќе го оставите на вашите соговорници.

 

Сина

Сините нијанси, особено морнарската сина боја, според психолозите, се идеални за интервјуа за работа. Според истражувањата, луѓето што ја носат оваа боја оставаат впечаток на тимски играч, лојални и доверливи работници.

 

Црвена

Како што може да се претпостави, црвените нијанси се идеални за љубовни средби. Оваа боја ја разбудува страста, а според многу студии, дамите во црвени нијанси се попривлечни.

 

Сива

Сивите нијанси се ненаметливи и помагаат индивидуата да се приклучи во секоја група незабележително. Затоа оваа боја се препорачува за на работа и состаноци, кога не треба да бидете во центарот на вниманието.

 

Виолетова

Низ историјата, оваа боја најмногу ја носале богатите семејства, како и владетелите. Затоа, избегнувајте виолетова кога одите на интервју за работа или љубовна средба, бидејќи, според психолозите, остава впечаток на ароганција.

 

Црна

Иако црната со години се сметаше за елегантна во светот на модата, психолозите велат дека оваа боја е агресивна и советуваат да ја избегнувате по секоја цена кога станува збор за интервју за работа.

 

Зелена

Без оглед на нијансата, зелената боја смирува и ја поттикнува креативноста. Според тоа, соговорникот може да смета дека сте продуктивни, имагинативни и храбри.

 

Бела

На крај, нежно бело, покрај тоа што претставува одраз на софистицираност, според психолозите, оваа боја  остава впечаток дека сте организирана личност која сака да ги држи работите „под конец“.

Прегледи:
402
Објавено на:
20.10.2019