Категории

Fallayage – новиот есенски тренд на фарбање на косата

Ombre, tiger eye, balayage – последните неколку сезони се појавија бројни трендови на фатбање на косата, но оваа есен се појави нова техника која сите почнаа да ја практикуваат и обожаваат.

Fallayage доаѓа од англискиот збор fall што значи есен и вклучува палета од топли тонови за разлика од летната сезона кога користиме повеќе ладни тонови при изведувањето на ballayage-от.

Тајната на оваа техника е што не морате постојано да посетувате фризер за корекција, таа и по некој месец сеуште изгледа одлично. Доста е важно да се одберат тоновите кои одговараат на тенот, оваа техника истовремено дава и младешки природен изглед и одлично ги истакнува цртите на лицето.

Прегледи:
510
Објавено на:
03.10.2017