Категории

Феномен на природата – Џиновски ледени печурки растат во рускиот Далечен исток

На рускиотДалечен исток, во регионот Амур, секоја година на територијата околу хидроцентралата Буреј, се формираат неверојатни сцени – големи печурки направени од мраз и дрво. Тоа е вообичаена појава за локалното население, но туристите постојано се насобираат кон Националниот парк Буреја за да ја видат оваа необична појава.

Ледените печурки се делумно природни, делумно техноген феномен. Претходно, пред поплавата, на таа територија растеа дрвја, а сега останаа само дрвја високи до пет-шест метри.

Во зима, водата околу дрвјата замрзнува, а кога испуштаат вода од хидроцентралата, нивото во акумулирачкото езеро се менува, а парчиња мраз од различни форми остануваат на дрвјата.