Категории

„Финти“ за максимална функционалност и поширок изглед на мал стан!

Во време во кое што сите сакаме да живееме во урбана средина, не е тајна дека голем дел од нас се решаваат да имаат малечко станче, заради бенефицијата на близина до урбаниот центар. Но, колку и да сме минималисти, сепак секој сака да го искористи просторот најдобро што може, а и тој мал простор да му изгледа малку поголемо. Еве неколку трикови како тоа да го направите во малечко станче.

Користете го делот пред прозорот како полица или ноќна масичка.
Ако ви треба малечко масиче или полица за оставање на неопходни работи, користете ја вдлабнатината пред прозорот, наместо да правите простор за цела масичка.

gray sofa and chair in purpleyblue living room with small gallery wall

Oтстранете ги кујнските наткасни
Наткасни не ви се потребни ако се’ сместите на уредни полици. Така просторот изгледа поголемо, помодерно и ќе ве држи до тоа да останете минималисти и да не купувате дополнителни чинии и чаши кои само би ви зафаќале простор.
corner of pink kitchen

Полиците нека бидат било каква боја, само не бели.
Полици кои се во друга боја, освен бела, му даваат на просторот длабочина и изгледаат интересно.

bookshelves painted gray and full of books

Во собите, имајте „тек“ на мебелот.
„Тек“ на мебелот значи се’ во една соба, или се’ на една страна, да ви биде направено од ист материјал. Така се добива изглед на бесконечност, кој навистина убаво отвара еден малечок простор.

eatin kitchen with woodpaneled cabinets and orange dining chairs

Земете мебел со сокриени складилишта.
Скалички кои се фиоки. Табуретки кои се отвараат. Кревети со фиоки доле. Mасичка со сокриен долап. Секаков мебел што исто така може да користи и како складилиште, треба да го искористите паметно.

animation of living room with coffee table that lifts to reveal storage

Каде што е можно, ставајте внатрешни плакари.
Ако во станот имате непотребни столбови на чудни места, прашајте дали тоа се носечки или декоративни столбови. Ако се декоративни, може да ги користите како вградени плакари или полици.
living room corner with builtin sofa blue shapes painted on walls

Наместо конкретно 4 столици, имајте клупа на едната страна на масата.
Зошто да имате само 4 столици и никогаш да не можете да поканите повеќе луѓе на ручек? Може на едната страна покрај масата да поставите клупа, а на останатите страни столици. Така, ќе имате повеќе место за седење, а ќе го имате искористено истиот простор.
dining table with two mismatched chairs and upholstered banquette