Категории

‘Флоб’ – Тренд фризура која со својата лежерност го освојува светот на убавината


Според стилистот Џорџ Нортвуд, кој е задолжен за изгледот на Алекс Чанг, најмодерната фризура оваа година ќе биде ‘флоб’.

 

Не случајно Боб ја задржува својата доминација на списоците со врвни трендови за убавина скоро еден век. Уште откако Луис Брукс беше крунисана како врвна икона за убавина во 1920-тите, благодарение на нејзиниот боб инспириран од Клеопатра, популарната фризура е симбол на женската независност. Оваа година, уште еднаш го сретнавме меѓу врвните трендови кога станува збор за фризурите, со таа разлика што сега е вклучен во списокот на фризури за кои не ви треба фен, благодарение на неговиот андрогин карактер.

Според стилистот Џорџ Нортвуд, кој е задолжен за изгледот на Алекс Чанг, најмодерната фризура оваа година ќе биде ‘флоб’.
Иако името потекнува од комбинацијата на зборовите рамно flat iron и боб, не е потребно да се користи пегла за коса за обликување.
За разлика од класичниот боб, како оној на Викторија Бекам во сезоната 2007 година, тој е помалку строг, а интензитетот на лежерност и должина ги избира стилистката во зависност од обликот на лицето. Може да биде краток, до висината на јагодичките или подолг, до рамената.

Ако имате брановидна коса, оставете ја природната текстура да блесне, во спротивно, ако имате права коса, можете да и дадете движење и волумен, создавајќи цик-цак бранови со помош на преса. Крајниот резултат е импресивен во секој случај – ќе изгледате како модел во рекламните кампањи на Келвин Клајн од 90-тите години на минатиот век.

Прегледи:
1007
Објавено на:
11.04.2021