Категории

(ФОТО) Кралската палата е ништо – Погледнете како изгледа новиот дом на принцот Хари и Меган Маркл

Принцот Хари и Меган Маркл купија куќа вредна 14 милиони долари. Сега се соседи со Опра Винфри и Елен Деџенерис

Принцот Хари и Меган Маркл се вселија во својот нов дом во Монтесито. Куќата од 18,000 квадратни медри која располага со 9 спални соби и 16 купатила се наоѓа на имот од два хектари секако со базен, во населбата која во последно време е тренд помеѓу најбогатите кои се решиле да го напуштат Лос Анџелес во потрага по чиста природа и малку повеќе приватност.

Меган и Хари сега се компии со Опра Винфри, Елен Деџенерис, Дру Баримур, Патрик Стујарт, Дик Волф и многу други ѕвезди, а оваа недвижност ги чинеше 16,650,000 долари.

На овој потег Меган и Хари се одлучија откако што мораа да подигнат тужба против агенцијата која објави фотографии од нивниот син Арчи, направени со дрон.

 

Прегледи:
557
Објавено на:
17.08.2020