Категории

(ФОТО) #MetGalaChallenge како забавна игра во време на карантин

Секоја година сите ние со нетрпение го чекаме престижниот настан #MetGala за да ги проследиме модните избори и ексцентричност на познатите личности.

Првиот понеделник во Мај е денот наменет за блескавиот настан. Меѓутоа, овој понеделник е првиот којшто направи мала пауза од овогодинешното одржување. Поради новонастанатата состојба во светот, не бевме во можност да просведочиме уште една фабулозна МетГала. Овогодинешната би била тематизирана #MetAboutTime и можеби беше ставена на пауза, но отсуството на најголемиот настан во модата оваа година не ги спречи фановите да го симболизираат неговиот прекрасен дух.

Започна #MetGalaChallenge, од страна на VOGUE и познатиот Billy Porter, кој ги покани корисниците на Instagram да оживеат дел од нивните омилени креации на црвениot тепиx од минатото, но во домашни услови – и резултатите секако не разочараа.

Во прилог ние заокруживме само неколку од нашите омилени кои навистина го одземаат вниманието.

1. Lady Gaga

2. Beyonce

3. Rihanna

4. Katy Perry

5. Cardi B

 

6. Cher

7. Gigi Hadid

8. Kylie Jenner

9.  Emily Ratajkowski

Истовремено, некои од познатите личности се потсетија на дел од нивните омилени модни изгледи со неколку објави на социјалните мрежи во чест на овој настан.

#Kim Kardashian

#Kylie Jenner

#Kendall Jenner

#Taylor Hill

#Lily Aldridge

# Priyanka Chopra

#Rosie Huntington Whiteley

#Naomi Campbell