Категории

(ФОТО) Модна недела во Данска: Уличниот стил на гостите во Копенхаген

Во ек е модната недела во Данска, ви ги претсавуваме уличните стајлинзи на гостите

Иако поради глобалната ситуација со пандемијата на вирусот Covid-19, модната индустрија практично стопира во целиот свет, на Скандинавците очигледно стилот им е многу поважен отколку што сме мислеле.
Скандинавските земји во последните неколку години станаа сериозни модни играчи, толку што копенхашката модна недела сериозно претендира да го загрози статусот на Париз.

Меѓутоа она кое никој не очекуваше е дека Модната недела било каде ќе се одржи во потполно „нормални“ услови, како ситуацијата да е потполно „нормална“, што секако не е, без оглед на намалениот број на заболени во оваа држава и во овој случај во градот.

Сесилија Торсмарк, директорката на копенхашкиот fashion week се опредени на ваков храбар и ризичен потег кој го образложи во својата изјава:

„Кога е во прашање презентирањето на модата, ние строго веруваме во запознавање на потрошувачите со модата низ пракса која подразбира средба „лице во лице“. Неделата на модата е физички настан, поради што особено во овие услови сакавме да и помогнеме на индустријата да тргне чекор по чекор и да се помести од мртва точка на која стои веќе месеци наназад.“

Ви ги споделуваме уличните стајлинзи на гостите на модната недела во Данска.

Прегледи:
504
Објавено на:
21.08.2020