Категории

(ФОТО) Морски номади – Овој необичен народ живее на вода и тоа поради многу необична причина

Тие и речиси не знаат како да одат по копно, нивните живеалишта се наоѓаат на вода

Бајау – народот од Малезија во потполност живее на море, т.е. на дрвени колиби над површината на морето. Кога одат тоа го прават со помош на дрвени чунови.
Тие уживаат во својот живот во водите на кристално чистото море. Дури и децата уште од мали знаат како да ловат риби а тоа го прават со помош на чуновите кои ги управуваат.

Овој народ заработува така што продава риба и морски плодови на луѓето кои живеат на копното на островот.

Постои една легенда по која овој народ првобитно живеел во кралство. Нивниот крал имал ќерка која исчезнала во една морска олуја. По наредба, целото кралство тргнало да ја бара но со оглед на тоа што не успеале да ја пронајдат, одлучиле никогаш повеќе да не се вратат на копното затоа што не ја исполниле наредбата на кралот и сметале дека не се достојни за копното.

Прегледи:
732
Објавено на:
30.09.2020