Категории

(ФОТО) Парчиња облека кои се веќе демоде – Време е да се откажете од нив

Овие парчиња облека веќе никој не ги носи, официјално заминаа во историјата.

Некои популарни трендови се доста чудни и тешко е да се искомбинираат, или евентуално се прифатливи за најзгодните жени.

Таквите најбрзо излегуваат од мода а сега помеѓу нив се најдоа овие 6.
Веќе е вистинско време да се ослободите од нив затоа што модниот свет официјално ги прогласи за демоде.

1.Облека со везени детали

Последните неколку години, деталите од вез можевме да ги забележиме на сите парчиња облека – од фармерки, до блузи, кошули, дури и ташни и обувки. Тоа време помина. Едноставната класика без детали повторно се врати назад.

2.Slip фустани

Фустаните кои по изглед и материјал потсетуваат на ноќници, повторно се актуелни но само во спалната соба, на улица повеќе не.

3.Хеланки фармерки

На ова прочуено парче облека му истече рокот на траење. Сега важи за вулгарно парче кое не изгледа нити малку привлечно. Класичните фармерки повторно настапија на сцена.

4.Неон од глава до петици

Светлите бои не мораат да бидат толку „дречливи“ за да изгледаат убаво. Ако сте голем обожавател на неонските бои, носете само едно парче во целата комбинација.

5.Појас корсет

Украсувањето на фустаните со појаси кои изгледаат како корсети, излезе од мода. Се враќаат тенките и удобни колани кои го красат секој стајлинг.

6.Кратки џемпери

Потполно бесмислено и непрактично парче, нити за лето нити за зима, исто така замина во историјата.

 

Прегледи:
664
Објавено на:
26.04.2020