Категории

(ФОТО) Преслатко домашно животинско царство – Погледнете во домот на оваа љубителка на животни

Шерли Стефан е вистинска љубителка на животни, таа ги лекува болните животни и ги вдомува оние кои се напуштени. Нејзинио дом е вистинско мало рајско животинско царство.

Кога некој ќе ви спомене германски овчар, веројатно веднаш помислувате на верно и одлучно куче-чувар. Покрај тоа, тој би се одрекол и од својот живот за да го заштити својот човек од сите потенцијални закани и неговата фарма да остане на сигурно. Па, Серж на прв поглед делува како вистинско куче-чувар, но неговата сопственичка ја откри и неговата нежна страна. Таа често вдомува разни животни кои се повредени или напуштени, а Серж е прекрасен пријател кога се работи за нив, било да се диви или домашни видови.

Серж живее на мала фарма во државата Охајо со својата сопственичка Шерли Стефан и многу други животни. На оваа фарма животните не се одгледуваат за да станат храна. Тие се сакани и со нив се постапува со максиламна нежност, како што би требало да се постапува со сите животни. Шерли доста често дома доведува животни-скитници и води грижа за нив. Многу од тие животни влегуваат и излегуваат од нејзиниот дом, кога и да посакаат, а размената на нежност, љубов и поврзаност помеѓу нив ќе ви го растопи срцето.
Серж и неговото срнче не се главните ѕвезди во оваа приказна, за чудо. Тоа е всушност Беки, кравата која Шерли ја спасила кога имала само еден ден. Во продолжение можете да видите како изгледа нејзината мала фарма која е вистинско мало животинско царство.