(ФОТО) Турската ѕвезда Фахрие Евџен сподели фотографии од малиот Каран – Синот со Бурак Озчивит

Турските ѕвезди Фахрие Евџен и Бурак Озчивит доста строго ја чуваат приватноста на нивниот син. Актерката неодамна одлучи да ги почести фановите со преслатки фотографии од малиот Каран.

Турскиот славен пар Фахрие Евџен и Бурак Озчивит кај нас познати по улогите на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и Кемал од „Карасевда“ минатиот месец во прославија првиот роденден на нивниот син Каран. Парот ретко споделува фотографии од своето дете и настојува да ја чува неговата приватност.

Турската актерка по повод денот на мајката сподели галерија фотографии со преслаткото дете која ги воодушеви фановите, потпишувајќи ја со „Мојата љубов“.

Парот стапи во брак во 2017 година а претходно беа во врска уште од 2014 година.





Коментари

[fbcomments]