Категории

(ФОТО) Запловете низ вкусовите, мирисите и боите – Пловечкиот пазар во Индонезија е сензација која е реткост

Најегзотичните овошја се продаваат на овие чамци. Вистинска сензација која ќе ве воодушеви

Неверојатен број на чамци, повеќе од 500 кои се „стегаат“ еден до друг, преполни со овошје и зеленчук, најживописни бои и текстури на кои индонезиските жени од селото Лок Баитан ги продаваат своите производи го прави едно од најголемите пловечки пазари на светот.

Жените кои продаваат од чамците се облечени во живи бои – сина, розова, портокалова така што го комплетираат целокупниот колоритен пејсаж кој претежно го сочинуваат лимони и други вдови цитруси, разни видови на банани, ананас, дињи и лубеници, манго, авокадо, кокосови ореви, гуава, каки, кумват, киви, краставици и разни видови на зелен зеленчук.

Иако тоа е само пазар, овој видик делува спектакуларно и егзотично и веруваме деа би било неверојатно чувството да се посети еден ваков вид на пловечки пазар.

Покрај пловечкиот пазар во Индонезија, доста е познат (иако не колку него) и пловечкиот пазар во Бангок кој е редовна сензација на туристите кои го посетуваат Тајланд.