Северна Кореа останува сеуште најмистериозната земја во светот, а да се добие информација или фотографија од животот во неа е речиси невозможно, а посетата е привилегија на малкумина.
Оваа изолирана држава ја посетил фотографот Michal Huniewicz и за време на неговиот престој, за кој раскажува дека постојано бил под надзор и контрола од неговите водичи, кои дури му го определувале времето кога да спие и да стане, успеал да направи неколку фотографии кои ни креираат некаква слика за животот во оваа држава.