Removed или Отстранет е интересен проект на фотографот Ерик Пикергрил кој има за цел да ја покаже вистинската слика од зависноста од телефоните која владее во денешниот свет.
Кога тој ќе ги отстрани мобилните телефони од овие фотографии, на нив осамнува дефокусираноста од реалноста и се остава чувство на отсуство, осаменост, празнина, тага. Не доживувањето на моментот и не посветувањето на внимание на оние кои се до нас, по цена на присуство во виртуелниот свет и другарување на социјалните мрежи, само го покажува поразот на овие генерации.
Секојдневните моменти кои се пропуштаат добиваат дополнителен драматичен момент со црно – белиот ефект, а артистот вели дека со овие фотографии сака да ги потсети луѓето барем за момент дека треба да бидат фокусирани на нивното опкружување и да уживаат во реалноста.