Категории

Фреди Меркјури: Геј, љубител на плавокоси манекенки, џуџиња и кокаин

Во кината ни пристигна филмот за животот на Фреди Меркјури наречен по најголемиот хит на неговата група „Квин“ – „Боемска рапсодија“.

Новинарката Лесли Ен Џонс, која провела некое време на турнеја заедно со него и групата „Квин“, вели дека Фреди бил срамежлив, но водел многу возбудлив живот.

Британскиот таблоид „The Sun“ истражувал за неговиот живот и открил што се случувало откако ќе се исклучат рефлекторите. А се случувале многу нешта…

На врвот од славата „Квин“ приредувале најлуди забави. Приказната вели дека издавањето на албумот „Jazz“ го прославиле со забава на која имало голи келнери и келнерки и еден човек кој ги забавувал присутните на тој начин што одгризувал глави на кокошки додека биле сѐ уште живи. Имало и голи манекенки кои се бореле во кал и луѓе со џуџест раст кои на главата носеле послужавници со црти кокаин.

Иако најчесто се зборува за неговите врски со мажи, Меркјури сакал и жени. Неговата најголема љубов била, како што тврдел тој до крајот на животот, Мари Остин, со која бил пред да стане славен, на која и ги оставил сите пати по смртта. Таа е единствената личност која знае каде е погребан.

Освен неа, Фреди наводно бил многу заљубен во манекенката Барбара Валентин, исто така плавокоса, со која имале многу сличен карактер.