Категории

Фризури со марама – Новиот хит при стилизирање на косата

Трендот на стилизирање на косата со помош на марама е дефинитивно нашиот омилен за оваа сезона!

Прва на ред беше Њујоршката модна недела која засени се со многубројните ревии на луксузните брендови, одличните улични стајлинзи кои беа видени по улиците на метрополата и секако трендовите за убавина. Меѓу нив особено се истакна трендот на стилизирање на косата со марама кој многупати можевме да го видиме на ревиите, и претставува навистина едноставен и впечатлив начин како да внесете малку необичност во вашиот начин на стилизирање на косата.

Фризерите го достигнаа својот врв на креативност создавајќи најразлични фризури, од марами вплетени во косата или употребени како стегаи за коњско опавче, дефинитивно марамата е новиот омилен детал за стилизирање на косата, а ние ви споделуваме неколку идеи кои можат да ви послужат како инспирација..