Категории

ГАЛОСКИ НА ГРАДИШТЕ 2 – 30.07.2020

Oд плејлистите на најголемите реномирани музички брендови како Tomorrowland, Ministry Of Sound од радио емисиите на светската диџејска елита како Martin Garrix, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike, Afrojack, Nicky Romero, Steve Aoki – еден од најголемите музички амбасадори последниве неколку години, диџејот кој ја постави земјава на мапата на светската електронска музичка сцена, на 30ти Јули GALOSKI на Градиште 2. Официјална диџејска поддршка од Chris J.

Македонија и тоа како има светски признат диџеј и вистински музички амбасадор, а доказ за тоа е дека Галоски – нашиот добро познат диџеј и продуцент веќе неколку години е еден од најбараните артисти во земјава и пошироко. Само последниве две години позади себе има успешни интернационални настапи во најпознатите ноќни клубови ширум светот како и реномирани музички фестивали вклучувајќи Ултра Мјузик Фестивал во Сингапур, Си Денс Фестивал, Охрид Колинг и др. Минатата година доби и одличен комплимент и беше именуван како “македонскиот гениј” од страна на Егзит фестивал (еден од најголемите музички фестивали во југоисточна Европа). Галоски е едно од ретките имиња од овој дел од Европа што редовно успева да привлече внимание од најголемите диџејски великани како што се Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек, Ники Ромеро, Стив Ајоки и многу други.

СО СЕКОЈА КУПЕНА КАРТА СЛЕДУВА ГРАТИС МАСКА!

 

ПРОТОКОЛ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ –
Настаните да се организираат и одржуваат на отворено;
– задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/20);
– задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од настаните, а се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот;
– задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– препорачана зачестена дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот;
– засилени санитарно – хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини;
– задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки;
– Организаторот има право да го отстрани секој посетител на настанот кој не ги почитува мерките дефинирани во Протоколот. ЗА ПУБЛИКАТА
– Настаните да се организираат со максимум 50% публика од бруто капацитетот на местото предвидено за публика, на локацијата каде што ќе се одржува настанот;
– За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите;
– На настани каде има предвидено седење на публиката, да се овозможи седење на седишта, поставени на соодветно растојание од 1,5 метар помеѓу нив;
– Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите;
– Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката;
– Се препорачува електронска набавка на билети. Доколку е потребно да има билетара и физичко продавање на влезници, се препорачува растојание од 1 м меѓу благајникот и купецот, како и физичко оградување на билетарата со соодветен стаклен (плексиглас) параван. Препораката е плаќањето да се изврши со користење на безконтактни платежни картички. Се препорачува бесконтактно набавување на влезници;
– Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски.
Прегледи:
609
Објавено на:
17.07.2020