Категории

Генијален трик: Ова е наједноставниот начин за чистење теписи!

Чистењето на теписите не е ни малку лесна работа. Дури и кога ќе се потрудите повеќе околу чистењето и уверени сте дека е конечно чист, сепак не е.

Поминете го со правосмукалка како и обично, потоа свртете го на другата страна и повторно поминете со правосмукалка. На тој начин ќе ја отстраните нечистотијата од другата страна и за прв пат може да се изненадите кога ќе здогледате колкава количина на нечистотија има во него. Подот исчистете го на вообичаениот начин, а потоа повторно поминете ја со правосмукалка горната страна на тепихот. Свртете го уште еднаш наопаку и повторете ја постапката.

Доколку забележите на вашиот под повторно нечистотија, повторувајте ја постапката додека тепихот не стане чист, односно додека не останува повеќе нечистотија на подот.

Иако се чини многу заморно, ова е всушност генијален трик со кој ќе ја отстраните нечистотијата од тепихот, без да употребите хемиски средства за чистење. Овој совет за чистење теписи го поделила и една мајка во Фејсбук група каде што членуваат домаќинки, а објавата станала вистински хит со повеќе од 23 илјади коментари.

Прегледи:
518
Објавено на:
20.02.2019