Категории

Главни особини со кои се одликува фаталната заводничка

Кога ќе кажеме фатална жена, мислиме на онаа која исполнила десет неформални предуслови за да може да се нарече себеси апсолутна заводничка

Фаталната заводничка ги поседува овие десет особини

САМОДОВЕРБА
Тоа е првата и најважна особина со која се одликува фаталната жена. Нејзината самодоверба е неспорна, таа зрачи со неа дури и кога само мирно седи и посматра.

СМИРЕНОСТ
Колку помалку реагира и се брани во одредени околности, и се држи понастрана од сплетките и интригите, тоа докажува дека таа поседува контрола над секоја ситуација а тоа ја прави моќна.

МУДРОСТ
Интелигенцијата е една од најважните одлики на фаталната жена. Таа ќе те привлечи со својата аура, но со својата интелигенција и елоквентност ќе направи секој маж да го изгуби разумот.

ЕЛЕГАНЦИЈА
Таа е обвиена со мистерија и грациозност, не се експонира себеси нити своето тело. Таа знае дека помалку значи повеќе, се што прави, го прави на префинет начин.

ЉУБЕЗНОСТ
Благодарение на оваа нејзина црта таа успева да добие се што ќе посака и да ја отвори секоја врата пред себе.

ХРАБРОСТ
Жената која поседува храброст и има силен карактер да ги следи нештата кои ги сака и ја прават среќна, секогаш ќе ги возбудува сите кои ќе се најдат околу неа.

СКРОМНОСТ
Фаталната жена знае дека Земјината топка не се врти околу неа, таа не се труди да биди во центарот на вниманието, но поради нејзината скромност секогаш успева во тоа без да посака.

ПОЧИТУВАЊЕ
Таа е искрена, не калкулира и не игра игри. Таа се почитува себеси и другите.

ЉУБОВ
Нејзината главна особина е љубовта, ја споделува секогаш и секаде. На своите најблиски, пријатели, а кога е во прашање партнерот – таа е спремна да поместува планини.