Категории

Го направив ова и моите желби почнаа да се остварувааат: исповед на жена на која универзумот и ги исполнува молитвите

Желбите почнаа да експресно да се остваруваат – во што е тајната!

Веројатно безброј пати се прашувавте зошто го немам она што толку многу го сакам. Ако нешто многу сакате, но искрено сакате, на пр. да ја пронајдете вашата сродна душа или да се вработите, големи се шансите никогаш да не го постигнете тоа.

Кога навистина сакаме нешто, ние обично испраќаме сигнал до Универзумот дека немаме нешто, па затоа ви испраќа уште повеќе од тоа што немате.

Кога започнав да применувам техники за личен развој, ова беше еден од најголемите предизвици за мене. Како да не сакам нешто што навистина сакам.

Ова беше клучно прашање за мене. Многу сакав да купам нов стан, да станам независна и да работам во професијата. Бев далеку од сето тоа, се додека размислував само за мојот личен профит. Го сакав сето тоа за себе, никој друг не беше вклучен во реализацијата, моите желби би ме задоволиле само мене и моите потреби.

Со текот на времето сфатив дека целта ми е да ја подигнам мојата и колективната свест на повисоко ниво. Сфатив и дека од реализирањето на мојата желба, треба повеќе луѓе да имаат корист. Желбите почнаа да се реализираат кога од срце го замолив Универзумот да ми овозможи нешто, со што подобро би ја остварила својата животна желба.

Наскоро купив стан и добив работа како учител, давајќи завет со Универзумот дека секогаш ќе им служам на моите ученици како пример за тоа како да бидат подобра верзија од себе. Се разбира, за да бидете пример за некој, треба целосно да се заложите во тоа и секој ден да станувате се подобра верзија од себе.

Секогаш кога размислував само да ги задоволам моите потреби, Универзумот не ме слушаше, не соработуваше со мене и желбите не се реализираа. Сè во мојот живот е поврзано со мојата главна цел.

Кога ја сфаќате својата цел, тогаш сè има ново значење, имате јасност со која се движите во животот и многу е полесно да постигнете сè што сакате. Правејќи го она што најмногу го сакате ја откривате вашата животна цел, го олеснувате исполнувањето на желбите со што многу ќе придонесете за себе и за другите.

Прегледи:
692
Објавено на:
03.09.2019