Kaко што годишните времиња се разликуваат и имаат свои специфични карактеристики и квалитети, така и луѓето се разликуваат во некои нешта, во зависност од тоа кога се родени.
ПРОЛЕТ
Вие сте добра душа која сака да им помага на блиските и со задоволство ќе ги сослушате. Луѓето со кои сте опкружени често ве сметаат за свои спасувачи и често изнудувате насмевка на нивните лица. Лесно се спријателувате.
Скромни сте и имате голема желба да ги промените работите на подобро.
Ваш најсилен адут е големото срце.
ЛЕТО
Вие сте надарени да ги решавате проблемите со леснотија и сте многу независни. Ги цените моментите во кои можете да се опуштите. Позитивни сте и луѓето сакаат да се дружат со вас.
Вистината ви е многу важна и избегнувате да ги лажете луѓето кои ги сакате.
Вашиот најсилен адут е снаодливост.
ЕСЕН
Пред донесувањето било какви одлуки, вие се добро анализирате и планирате. Секогаш сте малку внимателни и лесно препознавате лага од вистина. Кога разговарате со луѓето, сакате длабоки разговори и немате проблеми да им кажете се’ – безразлика дали се работи за добра или лоша вест.
Многу сте отворени, искусни и давате квалитетни совети.
Ваш најсилен адут е остроумноста.
ЗИМА
Кога некој од вас ќе побара да му направите услуга, тешко ви е да кажете “НЕ”. Исто така, кога некој ќе засакате, во состојба сте да го сакате до крајот на животот и целосно да му се препуштите. Многумина ве сметаат за добар пријател и го ценат вашиот карактер.
Одличен сте домаќин и луѓето со задоволство ви доаѓаат на гости. Великодушни сте и дарежливи.