Категории

Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани

Цветот со тага ги губи ливчињата, но наместо нив со радост го дочекува плодот. 

Рабиндранат Тагоре бил индијски филозоф, книжевник и музичар. Тој е израснат во богато образовано семејство, се школувал во Англија. Прифаќајки еманципациски сфаќања од Западот, вклучувајќи и политички, го отфрла материјализмот и прагматизмот, држејќи се за темелите на универзалниот морал и културен идентитет кои во различноста можат да изградат праведно и слободно општество.

Ова се неговите најдлабоки мисли кои и ден денес се уважуваат со огромна почит.

-Бистрата река на разумот не го губи својот пат во сувиот песок на навиките.

-Не смееме да ја судиме и цениме цивилизацијата врз темелот на тоа колку моќ остварила, туку по тоа колку во своите закони и дела изразила љубов спрема човекот.

-Цветот со тага ги губи ливчињата, но наместо нив со радост го дочекува плодот.

-Човекот од оружје го создал својот Бог. И кога оружјето ќе победи, човекот ќе остане празен.

-До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.

-Кога ќе стане животно, човек е полош од животно.

-Водата во садот е бистра; водата од морските длабочини е темна. Мала вистина има во зборовите кои се јасни; голема вистина има во својата тишина.

-Малата пупка создава ливчиња зборувајќи: „О драг свету, немој да овенеш.“

-Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин да разбираат без да мислат.

-Нема поезија која би можела да се вивне до онаа висина до која допира љубовта.

-Несовршенството не е негација на совршенството; конечноста не поттикнува бесконечност. Тоа е само целина која се искажува во делови, тоа е бескрај кој се открива во границите.

-Ништо полесно од тоа во име на надворешната слобода да се уништи внатрешната слобода на човек.

-Реката може да стане море, но таа нема никогаш да може да постигне морето да стане дел од неа.

-Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности.

-Големата Божја моќ е во блажината на ветровите а не во олујите.

-Големите срца сакаат, а малите бараат да бидат сакани.

Прегледи:
531
Објавено на:
19.02.2020