Категории

Грешки поради кои стајлингот изгледа евтино: Не постои ниедна добра причина да ја носите оваа гардероба!

Овие грешки не смее да си ги дозволи ниту една жена

Стилистот Катја Браун открива како да изберете стајлинг во кој што ќе изгледате прекрасно.

Многу жени стануваат жртви на трендовите и купуваат парчиња гардероба кој што ни малку не ласкаат на нивната фигура, а ни на годините. Во лошо искомбиниран стајлинг може да оставите навистина лош впечаток. Заборавете на овие парчиња гардероба, особено ако сте ги преминале 40-тите.

 

Премногу искинати фармерки

Модните дизајнери со години го диктираат овој тренд, но со него треба да бидете внимателни. Минимално искинатите фармерки може да изгледаат интересно, но доколу претерате ќе оставите навистина лош впечаток.

 

Скај

Хеланките или јакните од скај изгледаат ефтино и треба да ги заобиколувате во широк лак.

 

Чевли со платформа

Салонките кои имаат платформа од предната страна одамна излегоа од мода, па дури и кога беа најактуелни и тогаш беа одраз на лош стил. „Не постои ниту една доволно добра причина зошто да ги носите“, вели Катја.

Хеланки

Доколку сте во зрели години и сè уште имате хеланки во вашата гардероба, време е да се ослободите од нив еднаш засекогаш. Овој вид облека е дозволен само во теретана, во други ситуации ќе го уништи целиот стајлинг. „Хеланките добиваат голема модно НЕ“.

Прегледи:
679
Објавено на:
15.02.2020