Актерката реши да го сподели рецептот на својата омилена домашна маска со своите фанови на Instagram
Фамозната актерка ја сфаќа негата за лице навистина сериозно. На својот Instagram профил таа сподели видео во кое го открива рецептот на својата омилена домашна маска за лице.
Супер лесна за правење, но нејзиното влијание врз кожата е неверојатно за тоа сведочи самата Хали која во својата 54-та година изгледа фантастично.
Хали открива дека го чисти темелно и хидрира своето лице два пати дневно со цел кожата да остане мека, мазна и младолика.
Првиот чекор во утринската нега е пилинг на кожата која како што самата вели го прави – ригорозно.
Пилингот е нејзината дневна рутина затоа што и помага да се ослободи од мртвите клетки на кожата и сите видови нечистотии од неа.
Она на што Хали „се колни“ кога е во прашање нејзиното негувано лице е домашна маска која ја подготвува сама.
Состојки:
- 1 лажица полномасен грчки јогурт
- 1 лажица мед
Доколку имате сува кожа, додадете 1 лажица авокадо или неколку капки масло од авокадо.
Доколку имате кожа склона кон акни – додадете малку јаглен во прав
Опционално – неколку капки течен хлорофил за борба против воспаленијата на лицето и намалување на постоечките воспаленија.
Начин на подготовка:
Дадените состојки измешајте ги во сад и нанесете ги на чиста кожа. Со кружни движења вмасирајте ја маската во кожата и оставете да делува 20 минути.