Категории

Хартиена чинија вредна 22.400 долари

Хартиена чинија која веќе била користена, а врз која фронтменот на групата „Нирвана“ Курт Кобејн напишал листа на песни е продадена за 22.400 долари на аукција во Њујорк.

Аукциската куќа „Julien’s” првично ја проценила чинијата на 2 000 долари.
Кобејн со црн фломастер, пред концертот во 1990 година во Вашингтон, напишал листа на песни на чинијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julien’s Auctions Official (@juliens_auctions) on


На истата аукција, џемпер кој Кобејн го носел на последното фотографирање, пред самоубиството, во 1994 година е продаден за 75 000 долари.